Леб од тиква

Леб со фантастичен вкус.

Состојки:

  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1 кг брашно
  • 1 дл масло
  • 500 гр тиква
  • вода за тестото да биде меко

Подготовка: Сварете ја тиквата и изгмечете ја. Промешајте го квасецот со малку вода, лажичка шеќер и брашно и оставете го да нарасне. Посолете го брашното, па додадете ја тиквата, маслото и нараснатиот квасец, а потоа додадете и топла вода онолку колку што е потребно за да замесите меко тесто. Оставете го околу половина час да нарасне.

По половина час измесете го тестото и  поделете го на три дела, така што ќе направите три засебни леба.Ставете ги врз плех обложен со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете го лебот сè додека не порумени.

Scroll to Top