Леб полнет со кашкавал

By

Потребни состојки:

1 голем компир или два помали;
250 грама брашно;
50 милилитри млеко;
7 грама сув квасец;
1 лажичка шеќер;
1 лажичка сол;
1 лажичка путер;
1 јајце;
малку магдонос;
Кашкавал по желба

Начин на подготовка:

Излупете ги и добро сварете ги компирите, па додадете малку млеко во нив и направете пире. Потоа ставете шеќер и квасец, па мешајте. Во смесата додадете истопен путер, јајце и магдонос и сè добро измешајте, па додадете го брашното. Откако ќе добиете мазно тесто, покријте го и оставете да отстои два часа додека да нарасне.

Со масло за јадење или путер измачкајте го садот за печење, па ставете го тестото во него. Поделете го тестото на два еднакви дела и потоа ставете го кашкавалот меѓу нив, па покријте со останатиот дел од тестото. Печете околу половина час во загреана рерна на 180 степени. Наросете со свеж магдонос кога ќе го извадите од рерната.

Ќе ви се допадне