Леб со зачини и кашкавал

За помалку од еден час ќе подготвите вкусен домашен леб.

Потребни состојки:

топла вода
шеќер
1 кесичка сув квасец
3 шолји брашно
1/2 шолја млеко
маслиново масло
2 чешниња лук
1 лажица магдонос
сол
црн пипер
кашкавал

Начин на подготовка:

Стасајте го квасецот. Во длабок сад ставете го брашното, додајте ги квасецот и млекото и измешајте со лажица, а потоа месете го со рака за да добиете мазна смеса.  Во друг сад ставете малку маслиново масло, 2 чешниња лук исечкани на ситно и една полна лажица ситно исечкан магдонос. Додајте сол по вкус, малку црн пипер и измешајте ја смесата. Кашкавалот исечкајте го на коцки (со големина 2х2 сантиметри).

Од тестото направете топчиња, во секое топче ставете по едно парче кашкавал, па повторно свиткајте го во топче. Топчињата извалкајте ги во смесата со маслиново масло, лук и магдонос и наредете ги едно покрај друго на подмачкана тава. Печете половина час на 180-200 степени. Лебот послужете го додека е жежок.

Scroll to Top