Лешник гнезда

Потребни состојки:

200 мл вода
200 г шеќер
150 г маргарин
100 г чоколадо за готвење
250 г мелени бисквити
150 г мелени лешници, претхотно испечени
за валкање: околу 100 г крупно сечкан лешник

Фил:
150 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Најпрво потпечете ги лешниците во рерна, на 180 степени околу 10-15 минути. Излупете ги од лушпата и сомелете ги. Сомелете и 150 г бисквити. Во поголемо тенџере ставете вода, додадете шеќер, маргарин и чоколадо искршено на коцки, па ставете на оган и загревајте на умерен оган со постојано мешање додека да се растопи. Од моментот на зовривање оставете уште 2-3 минути, па тргнете од оган.

Додадете ги мелените бисквити и лешници, добро промешајте, па оваа смеса оставете ја целосно да излади, најмалку 2-3 часа во фрижидер или во замрзнувач на околу еден час. Иако жешката смеса ќе изгледа ретко и меко, со ладењето целосно ќе се стегне. Кога смесата се изладила и стегнала, со лажичка вадете мали парчиња, формирајте ги во топчиња и наредете ги на рамна површина. Секое топче извалкајте го во сечканите лешници, а во средината со прст или со дршка од лажица направете мало вдлабнување за да добиете изглед на гнездо. Вака формираните гнезда ставете ги во фрижидер целосно да стврднат. Потоа полнете ги со фил. Филот ќе го добиете така што ќе ја загреете слатката павлака, а пред да зоврие тргнете ја од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки. Нека отстои така околу една минута, па со жица добро промешајте додека чоколадото целосно да се растопи. Ставете го кремот во фрижидер да се излади. Наполнете го шприцот, ставете продолжеток по желба и полнете ги гнездата. Филот можете да го направите и еден ден претходно. Гнездата може да стојат во фрижидер и до неколку денови.

Scroll to Top