Летна диета со краставици и јогурт

Оваа брза диета се држи само пет дена и има изразено лаксативно дејство. Сепак, пред да почнете да ја држите, консултирајте се со лекар.

Секој ден е дозволено да конзумирате само три производи – 1,5 литар јогурт со 1% масти, 1,5 кг свежи краставици и
1,5 литар вода за пиење. Во утринските часови може да се напиете една шолја кафе без шеќер.

Сите производи мора да бидат поделени на еднакви делови. Краставиците и јогуртот можете да ги конзумирате дури и пред спиење или во текот на ноќта, ако ви се појави чувство на глад.

Брзата летна диета не смеете да ја држите подолго од 5 дена.

Scroll to Top