Потребни состојки:
1 домат
1 мал кромид
1 пиперка
1 конзерва туна
1 мала свежа краставица
сок од 1/2 лимон
маслиново масло по вкус
посен мајонез по желба
бибер и сол по вкус
Начин на подготовка:
Доматот, кромидот и пиперката ги сечкаме во големина по желба и вкус. Краставичката ја лупиме и ја сечкаме на кругови. Во зеленчукот ја ставаме туната од која сме го процедиле маслото. Ги додаваме лимоновиот сок и маслиновото масло, па промешуваме. По вкус додаваме зачини. Ако сакате, може целата салата да ја соедините со неколку лажици посен мајонез. Лимонов сок додавате по вкус. Послужете ја веднаш.