Лиснати триаголници со сирењe

Потребни состојки:

500 гр тенки готови кори
300 гр сирење
Масло
Едно јајце
Прашок за пециво
Жолчка за премачкување

Начин на подготовка:

Сирењето испасирајте го, измешајте го со јајцето и додадете половина од кесичката прашок за пециво. Измешајте го филот додека да се изедначи. На првата кора премачкајте малку масло и врз неа и ставете уште една. Ставете од смесата со сирење, а врз неа уште една кора, премачкајте со масло и ставете и четврта кора. Пресечете ги во вид на триаголници. Ставете ги во тава и премачкајте ги со изматена жолчка. Посипете со сусам и ким. Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.

Scroll to Top