Лут намаз од сирење и ореви

Состојки:

  • 200 гр урда
  • грст ореви
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • ситно сечкан магоднос
  • лута пиперка

Подготовка:

Оревите препечете ги во сува тава, кога ќе поруменат, исечкајте ги на парчиња со средна големина. Изгмечете го лукот, и промешајте го со сирењето, а потоа додадете ги и оревите. Додадете сол и бибер по вкус, како и исецкана лута пиперка. На крајот додадете зачини и добро промешајте. Добиената смеса ставете ја во сад, декорирајте ја со ситно сечкан магдонос, а потоа изладете ја во фрижидер.

Scroll to Top