Лутеница по оригинален рецепт

By

Потребни состојки:

2 кг зрели домати,
200 мл вински оцет,
400 мл масло,
250 гр шеќер,
1 кесичка мелен бибер,
1/2 кг лути пиперки,
1,5 кг слатки пиперки
сол, магдонос
5-6 чешниња сечкан лук.

Начин на подготовка:

Доматите прелијте ги со вода, излупете ги и исечете ги на 4 делови. Ставете ги во тенџере, додајте вински оцет, масло, шеќер и мелен бибер. Измешајте, ставете на рингла и пржете. Кога ќе почне да врие, нека врие 1 час. Сомелете ги свежите лути и слатки пиперки на машина за месо, додајте ги во тенџерето и гответе уште час и половина, со повремено мешање. Пред крајот посолете по вкус, малку по малку, а потоа додајте го лукот исечкан на ситно и магдоносот. Лутеницата соберете ја во тегли додека е жешка.

Ќе ви се допадне