Ако ви се јаде нешто благо, а не сте баш расположени да го припремате просторот, ова е идеален рецепт за вас!
Потребно ви е: 30 гр. растопен путер, 1 јајце, 1 лажица млеко, 1 лажица екстракт од ванила, 3 лажици шеќер, 4 лажици брашно, пола лажица прашок за пециво, прстофат сол, прстофат цимет, 3 лажици боровница.
ПРИПРЕМА: Во една шолја измешајте растопен путер, јајце, млеко и ванила и сè останато изматете со вилушка. Додадете половина од боровницата, а потоа додадете ги и сувите состојки и сè добро измешајте. На крајот додадете ја и останатата половина од боровницата одозгора. Ставете во микробранова и печете во зависност од јачината на температурата: ако е од 600 вати печете 2 минути и 20 секунди, ако е од 800 вати печете 2 минути, а ако е од 1.000 вати за печење ќе бидат доволни само 40 секунди.
На крајот по желба прелијте со некаков прелив или шеќер во прав.