Мафини со јагоди

Потребни состојки:

2 јајца
1 ванилин шеќер
1 чаша ( од 200 мл) шеќер (200 г)
1 чаша јогурт
½ чаша масло (100 мл)
1 ½ чаша брашно (200 г)
½ прашок за печиво (6 г)
150-200 г јагоди
малку шеќер во прав за наросување одозгора
12-14 калапи за мафини/хартиени корпи

Начин на подготовка:

Двете јајца пенасто изматете ги со миксер. Додека ги матите постепено додавајте го шеќерот. Кога смесата ќе згусне и побели додадете 1 ванилин шеќер, 1 чаша јогурт и половина чаша масло. Изматете добро со миксерот за да се изедначат состојките. Потоа додадете го брашното и прашокот за печиво. Продолжете да матете со миксерот со намалена брзина додека да добиете мазна смеса без грутчиња. Во калап за мафини ставете хартиени корпи. Полнете ги 2/3 со смесата. Оваа смеса ќе ви биде доволна за 12-14 мафини. На страна измијте и исчистете 150-200 г јагоди, а потоа исечкајте ги ситно. Врз секој мафин ставете по еден грст сечкани јагоди. Вака приготвените мафини ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу половина час. Оставете ги малку да изладат, а потоа одозгора наросете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top