Мафини со суво грозје и прелив од лимон

Сочни, здрави и лесни мафини, кои прелеани со глазура од лимон, потсетуваат на нашиот традиционален колач со лимон.

Состојки:

  • 100 гр путер  
  • 170 гр шеќер 
  • 2 јајца  
  • 260 гр меко брашно
  • 30 гр трици од овес
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • прстофат сол 
  • 60 мл сок од лимон
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици суво грозје

Глазура од лимон: 

  • 70 гр шеќер во прав 
  • 5 лажици сок од лимон 
  • неколку капки масло

Подготовка:

Со миксер добро се матат путерот и шеќерот, па се додаваат јајцата. Полека се додаваат и другите состојки по редоследот наведен во рецептот и се мати смесата со миксер. Се ставаат хартиените корпи во калапите за мафини и се истура од смесата речиси до врвот. Се пече во рерна загреана на 170 степени, 20 минути. Испечените и малку изладени мафини се прелеваат со глазура од лимон.

Scroll to Top