Мафини со вкус на Рафаело

Совршени слатки, без скапи состојки.

Мафините во последниве години се најпопуларен десерт од две причини: се прават за само 15 минути, секогаш се сочни и вкусни. Веројатно досега сте ги пробале оние со чоколадо и ванила, но не ни оние со кокос.

Мафините кои имаат вкус на неодоливиот Рафаело? Звучи како сон.

Во продолжение откријте го рецептот за нивното правење.

Состојки:

120 гр путер

120 гр шеќер

Кесичка ванилин шеќер

2 јајца

1 дл млеко

½ дл масло

100 гр кокос

150 гр брашно

1 кесичка прашок за печиво

1 кесичка шлаг + млеко по упатство.

Подготовка:

Заматете го путерот со шеќерот и ванилниот шеќер, додадете јајца и  матете додека масата не стане компактна, па сипете млеко и масло. Мешајте со кутлача сè додека не стане изедначена, и на крајот додадете брашно со прашокот за печиво и кокос. Сипете во подмачканите калапи за мафини и печете ги околу 15 минути на 200 степени.

По желба украсете ги со изматениот шлаг или рафаело топчињата. Доколку сакате поинтензивен вкус, додадете екстракт од кокос.

Scroll to Top