Македонска манџа

Подготовка:

Во духот на традицијата подгответе едноставно, но и вкусно јадење. Јадење кое се подготвувало со векови наназад, а кое е омилено до ден денес.

Во округла тава на малку масло испржете кромид. Додајте морков исечен на кругови.
Додајте потоа модар патлиџан исечен на подебели парчиња.

Лукот пржете го кратко со постепено мешање. Додајте ги црвената пиперка и доматниот сос и пржете го на умерена температура додека зеленчукот не омекне. Пред крајот зачинете.

Зеленчукот потоа, преместете го во земјена тава поголема или во две помали, а врз него искршете јајца и ставете да се пече додека не се стегнат односно испечат јајцата.

Потребни состојки:

  1. 2главици кромид
  2. 2 средни моркови
  3. 1 модар патлиџан
  4. 4чешнина лук
  5. 500гр доматен сос (домашен или купечки)
  6. 4 црвени пиперки
  7. 4 јајца