Мармалад од печени сливи

Овој лесен рецепт за брз мармалад од печени сливи им се допажа на сите. Ние го практикуваме со години, а разликата во последните години е што наместо со бел, го правиме со кафеав шеќер.

Наместо обичниот бел шеќер, го користиме Демерара кафеавиот шеќер на „Натура“ и топло препорачуваме да го пробате зашто дава навистина супер вкус.

Состојки: 3 кг црни сливи 1 кг Демерара кафеав шеќер *По желба и за поинтензивен мирис на мармаладот, може да додадете и ванилин шеќер од „Фантазија“ во количина по желба.

Подготовка:

1. Сливите прво измијте ги, а потоа исушете ги. Тоа може да го направите со помош на чиста кујнска крпа или да ги оставите малку да постојат.

2. Потоа, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките.

3. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200 степени.

4. Исчистените сливи измешајте ги со Демерара кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер, ако одлучите да го додадете. Потоа ставете ги во длабока тава со капак, но бидете внимателни тавата да не биде пренатрупана со сливи бидејќи џемот ќе врие.

5. Тавата поклопете ја со капакот и ставете ја на средината во рерната. Првите 30 минути чувајте ја поклопена, а потоа измешајте ги сливите и отстранете го капакот и оставете го мармаладот да се пече околу 2,5 часа. При тоа, повремено мешајте.

6. Готовиот мармалад извадете го од рерната и ставете го во топли стерилизирани тегли (10-тина минути на 100 степени). Теглите затворете ги со капаци и вратете ги во топлата рерна уште 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете ги да се изладат.

Scroll to Top