Потребни состојки:
500г компири
вода
лажичка сол
1 главицка црвен кромид
половина чаша сечкан магданос
две лажички сув копар
100g грашок (по желба)
маслинки (по желба)
за преливот:
2 големи лажици ладно цедено маслиново масло
1,5 лажица вински оцет (алкохолен)
2,5 лажици сенф
половина лажичка сумак
половина лажичка црн бибер
малку коријандер
Начин на подготовка:
Убаво измијте и излупете ги компирите (можете и да не ги лупите) и исечкајте ги на потенки парчиња (не на коцкички, туку како листови). Ставете ги компирите во сад за готвење со вода и додадете сол. Гответе додека компирите не станат доволно меки. Подгответе го преливот со мешање за целосно да се соединат сите намирници. Варените компири, исцедете ги добро и прелијте ги со преливот. Ставете ги прелиените компири во сад за салата во кој претходно ги имате додадено и измешано сите свежи состојки. Потоа зачинете и послужете ја салатата.