Меки кифлички со сирење

By

Потребни состојки:

1 свеж квасец
3 чаши млеко (чаша од 200 мл)
1 чаша масло
3 лажици шеќер
2 лажички сол
2 јајца (-1 жолчка)
1 кг брашно
80 гр маргарин

Начин на подготовка:

Квасецот ставете го во чаша со топло млеко, 1 лажица шеќер и 1 брашно за да нарасне. Во вангла ставете ги квасецот, другите 2 чаши топло млеко, маслото, солта, преостанатите 2 лажици шеќер, 1 цело јајце и белката од другото. Жолчката е за премачкување. Постепено додавајте од брашното. Убаво измесете. Тестото треба да биде меко. Оставете го нека кисне околу еден час.

Од тестото кинете мали топчиња со големина на поголем орев. Секое топче развлечете го во долга форма, премачкајте го со маргарин, ставете сирење и завиткајте го во ролат. Спојувајте по две ролатчиња, завртете ги околу себе и спојте ги во вид на кифла. Одозгора премачкајте ги со жолчката во која сте ставиле 1 лажиче млеко и наросете со сусам.

Наредете ги во плех и ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 180 степени. Печете додека не добијат златна боја.

Ќе ви се допадне

4Anime anime sites: My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25

AnimeDao knights and magic animedao: Black Clover (https://animedao.nl/m/3oNl) Episode 170