Мексикански омлет

Поинаков омлет за совршен појадок.

Потребни состојки:

 

3 јајца
1/2 главица црвен кромид
прстофат морска сол
1 полна лажичка путер
1лажица маслиново масло
2 лажици доматен сос или сечкан домат
1 мала лута пиперка

 

Начин на подготовка:

 

Кромидот исечкајте го тенко, издинстајте го во тава, а потоа додајте лута пиперка и сол. Додајте густ сок од домати, а на крај додајте ги разматените јајца. Послужете го топол, со печиво по желба.

 

Scroll to Top