Меленото месо е корисна храна и во многу рецепти може да се користи на различни начини. Иако плескавиците, бургерите и ќебапите се најчестата и омилена форма за подготовка на меленото месо, овој рецепт е со чили.
Сите состојки треба да се издинстаат, а потоа е доволно само да го оставиме садот покриен да крчка, нема потреба да се стои до шпоретот.
Состојки:
-
- 1 кг мелено месо
- 2 пиперки
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 2 конзерви пелат
- 300 мл говедска супа
- 2 конзерви црн грав
- оригано
- црвена пипер
- ким
- сол
- бибер
- тврдо сирење
Подготовка:
Се пропржува меленото месо со бибер, се вади од тавата и се става на хартиена крпа. Во истата тава се пржат кромидот, лукот и пиперките исечкани на коцки. Се враќа месото, се додава пелат, супата, се зачинува по вкус и се остава да се издинса еден час на тивок оган.
Потоа се додаваат гравчињата и се оставаат покриени да се крчкаат уште 40 минути.