400гр зрели смокви
400гр праски
400гр исчистена диња
700гр бело грозје без семки
1-1,2 КГР шеќер
2лажички сок од лимон
Прво праските и смоквите ги лупиме.
Ги сецкаме на резанки.
Ги ставаме во пекач.
Дињата ја лупиме, чистиме и ја сецкаме на парчиња.
И неа ја додаваме во пекачот.
Ги додаваме зрната од грозјето без семки.
Додаваме шеќер и лимонов сок.
Промешуваме и оставаме да одстои 30 минути.
Потоа пекачот го ставаме во рерна загреана на 220-250 с.
Готвиме околу 30 минути и повремено промешуваме.
Потоа цела смеса ја поминуваме со стапчест миксер.
Го враќаме пекачот во рерна и готвиме уште 20-30 минути, односно до посакуваната густина наа мармаладот.
Жежок го собираме во жешки, чисти тегли.