Мини лиснати пити со сланина и сирење

Потребни состојки:

500 гр мазно брашно
250 мл топло млеко
7 гр сув квасец
2 лажички сол
1 лажица сончогледово масло
3 лажици маслиново масло
2 жолчки
200 гр свежо сирење
100 гр сланина
малку ким и сусам

Начин на подготовка:

Просејте го брашното во длабок сад. Додадете сол, масло, квасец и топло млеко, па замесете го тестото со рацете. Развлечете го на подлога што претходно сте ја попрскале со брашно. Исечете ја сланината на мали коцки, па пржете ја во тава. Тестото премачкајте го со свежо сирење, посипете го со парчињата сланина и свиткајте го во ролат, а потоа исечете го на парчиња дебели три сантиметри. Наредете ги вртените мини пити една до друга во тава премачкана со масло, па премачкајте ги со жолчка од јајце, посипете ги со ким и сусам и оставете ги да стасаат 20-30 минути. Откако ќе нараснат, ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги околу 35 минути, додека не добијат убава златна боја.

Scroll to Top