Ммм, највкусниот чоколаден десерт: Домаќинките полудеа по него

Кога еднаш ќе го направите овој десерт, никогаш повеќе нема да направите ништо друго. Едноставно и вкусно, се што ви треба за него се:

2 чаши јогурт

2 ипол чаши брашно

1 чаша шеќер

пола чаша масло

2 лажици какао

2 лажички сода

За преливот ви се потребни: 100 грама маргарин, 10 лажици млеко, 10 лажици шеќер и 2 лажици какао.

ПОДГОТОВКА:

Во чинија помешајте брашно, шеќер, какао, сода, па додајте ги јогуртот и маслото. Матете со миксер неколку минути, се добро да се соедини, а потоа во добро намачкан плех ставете ја смесата и печете 20 минути на 200 степени. Потоа извадете го колачот да се олади и направете го преливот за него. Во една чинија помешајте какао и шеќер, па додајте ги млекото и маргаринот, тоа ставете го на врела рингла и мешајте. Кој сака може да го направи преливот и на пареа.

Откако преливот е готов, полијте го колачот и оставете го малку во фрижидер.

Ви ветуваме одличен вкус.

Добар апетит!

Scroll to Top