Мохито со лубеница

Летото е создадено за долги вечерни дружби на балконот или во дворот со вашите пријателите, а со ова
мохито таквите моменти ќе станат уште поинтересни и поисполнети!

Поканете ги вашите пријатели на забава и израдувајте ги со овој неверојатен пијалак. Време е за мохито со лубеница!

Сите бараме начин плус како да се справиме со летните горештини, како да се разладиме и освежиме.

Оваа доза е за една чаша, а истата може да се прилагоди во зависност на бројот на вашите гости и пријатели. Едноставно зголемете ја количината на состојките според вашите потреби, изблендирајте и препуштете и се на забавата.

Состојки:

1 лажица шеќер, 2-3 листови свежо нане, 150 мл блендирана ладна лубеница, 150 мл кисела вода, 40 мл бакарди или бел рум (за оние кои не се љубители на алкохол може и без) една рака мраз, 1,5 лажица сок од лимон или лимета
листови свежо нане и лимон за декорација

Подготовка:

1. Најпрво, чашата за мохито се полни со мраз.
2. Ладната лубеница се блендира, се процедува од семките и се додава во чашата.
3. Во сад за толчење се ставаат шеќерот, листовите свежо нане, сокот од лимон или лимета и белиот рум. Целата смеса убаво се толчи и се додава во чашата за мохито.
4. На крај, чашата се дополнува со кисела вода и се декорира со ливчиња свежо нане и лимон. Се служи ладно. На здравје!

(Извор/Сезахрана.мк)

Scroll to Top