Мусака од печени пиперки и мелено месо

Потребни состојки:

10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)
500 грама мелено месо
200 грама кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
1 главица кромид
150 грама ориз
свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло. Додадете го меленото месо, зачинете и додајте го сварениот ориз. Откако целата смеса ќе се испржи ставете го сечканиот магдонос и тргнете го од огнот.

Во посебен сад измешајте ја павлаката со јацата и зачините. Тавата за печчење премачкајте ја со масло. На дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени. Врз пиперките ставете ред од павлаката со јајца, па ставете еден слој од смесата со мелено месо. Постапката повторувајте ја додека не ја потрошите целата смеса. Најгоре ставете ги павлаката и јајцата. Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.

Scroll to Top