Мусака со шунка и кашкавал

СОСТОЈКИ:
1 кг. компири
300 гр. шунка
3-4 јајца
200 гр. кашкавал
2 главици кромид
500 мл. млеко
бибер, сол и масло
ПОДГОТОВКА:
Компирот се лупи и обарува 10 минути во солена вода.
Се сече кромидот ситно и се пржи на масло, се сече обарениот компир на кругови.
Се редат на намастена тепсија, заедно со шунка врз нив, селена на коцки, рендан кашкавал и пржениот кромид.
Се прави така додека има компир и намирници.
Се завршува со ред компири, се става преливот од млеко, зачини и јајца и се пече на загреана рерна на 180 степени 20 минути.Ова одлично оди со пиво или вино .

Scroll to Top