Потребни ви се:
– 200 грама пченично интегрално брашно
– 200 грама ржано брашно
– 50 грама семе од сусам
– 50 грама ленено семе
– 50 гр семе од сончоглед
– 50 гр семе од тиква
– 50 мл маслиново масло
– обична сол
– крупна сол
– прашок за пециво
– 200 милилитри кисела вода
Подготовка:
Во брашното додајте прашок за пециво, сол, масло и семе. Направете тесто и замесете го. Направете ги плочките колку е можно потенки. Исечете ги во правоаголници и ставете ги во сад во кој претходно имате ставено фолија за печење. Печете ги на 190 степени до 200 степени околу 15 минути.