Наместо да ги купувате, направете си сами мали интегрални плочки

Потребни ви се:

– 200 грама пченично интегрално брашно

– 200 грама ржано брашно

– 50 грама семе од сусам

– 50 грама ленено семе

– 50 гр семе од сончоглед

– 50 гр семе од тиква

– 50 мл маслиново масло

– обична сол

– крупна сол

– прашок за пециво

–  200 милилитри кисела вода

Подготовка:

Во брашното додајте прашок за пециво, сол, масло и семе. Направете тесто и замесете го. Направете ги плочките колку е можно потенки. Исечете ги во правоаголници и ставете ги во сад во кој претходно имате ставено фолија за печење. Печете ги на 190 степени до 200 степени околу 15 минути.

 

Scroll to Top