Напивка што ќе ви ја поправи крвната слика

Намалувањето на нивото на хемоглобин во крвта, независно од бројот на црвени крвни клетки (еритроцити), го намалува капацитетот на крвта да го пренесува кислородот, што доведува до анемија.

Во медицината постојат повеќе рецепти за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта. Оваа витаминска бомба е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, за кревање на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика.

За подготовка на овој природен лек потребни ви се: 200 гр мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од морков и 2 лимона.

Исечете ги лимоните на половина, извадете ги семките, сомелете ја кората и ставете ги во стаклена тегла од еден литар. Во смесата на измешаниот лимон додадете мед, цеден сок од морков и помешајте. Потоа во смесата додаде ги мелените ореви и сувото грозје. И повторно помешајте. Ќе добиете 1 килограм вкусна здрава и лековита смеса. Конзумирајте ја трипати дневно по 1 лажичка пред јадење.

 

Scroll to Top