Напивката со која слабее Џенифер Лопез, направте ја сами

Ви го пренесуваме рецептот за еден едноставен здрав напиток кој ги топи килограмите.

Трејси Андерсон е една од најпознатите фитнес инструкторки чии клиенти се Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез и Мадона.

Можеби немаме можност лично да вежбаме со Трејси, но таа го сподели рецептот за здрав напиток кој е хранлив и помага во процесот на слабеење.

Секако, не заборавајте на физичката активност која Трејси задолжително ја препорачува со оваа здрава ужина.

 

Состојки:

120 грама млад спанаќ

3 излупени портокали

1 исушена урма

Цимет

120 мл кокосово млеко

 

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте.

Scroll to Top