Непечен ролат со крем банани

Потребни состојки (за 2 ролата):

2 жолчки

200g шеќер

2dl млеко

150g чоколадо

250g маргарин

250g бисквити

8-9 чоколадни банани

2 листа обланди

Подготовка:

Жолчките, шеќерот и неколку лажици млеко изматете во пенаста смеса, а потоа додадете го стопеното чоколадо. Остатокот од млекото оставете го да зоврие.

Кога млекото ќе врие, додадете ја смесата од жолчките и варете на тивок оган со постојано мешање. Кремот нема да се згусне како пудинг, но додека се лади, ќе си ја добие густината.

Во оладениот крем додајте ги мелените бисквити и маргаринот кој пенесто ќе го изматите.

Листовите од обланда ставете ги на влажна крпа, да омекнат. Премачкајте ги со кремот, па наредете по неколку крем банани на самиот раб.

Заедно со влажната крпа мотајте ги обландите како ролат и оставете ги неколку часа да се оладат.

Scroll to Top