Потребни состојки:
400 г њоки
250 г крем за готвење
100 мл бело вино
50 г рендан пармезан
3-4 суви домати
2-3 чешниња лук
1 лажица путер
1 лажица сенф
грст свеж босилек
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
Загрејте го путерот и заедно со исечканиот лук мешајте околу половина минута. Додадете го сенфот и ситно исечканите сушени домати и додадете вино. Гответе околу две минути. Потоа додадете ги њоките и кремот за готвење, добро промешајте и варете околу 5 минути. Додајте ги пармезанот и босилекот и оставете додека њоките не се готови и не добиете крем-смеса. Послужете ги топли.