Њоки во сос од печурки

Потребни состојки:
500 гр њоки
3 лажици маслиново масло
1 главица кромид
1 чешне лук
500 гр печурки по избор
100 мл црвено вино
300 мл вода или бистра супа
2 лажици путер
сок од 1/2 лимон
маслиново масло
сол, црн пипер
свежи листови мајчина душица

За сервирање:
пармезан

Начин на подготовка:

Сварете ги њоките според упатството на пакувањето. Во подлабока тава на маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете го изгмечениот лук и кратко пропржете за да замириса. Печурките измијте ги убаво, исечкајте ги и додајте ги во тавата. Пржете 10-15 минути додека да испари целата течност што ќе ја пуштат. Додадете ги виното и водата (или супата) и оставете да се вари 5-10 минути или додека не испари течноста до половина. На крајот додадете ги путерот, сокот од лимон и зачините. Ренданиот пармезан може да го додадете директно во сосот или на крајот кога ќе го сервирате јадењето. Исцедете ги сварените њоки, спојте ги со сосот и послужете ги топли.

Scroll to Top