Нема ништо поубаво од вкусно домашно лепче, кое ниедно купено од продавница не може да го замени. Ви го препорачуваме овој рецепт за домашен леб.
Состојки кои ви се потребни:
– 250 грама интегрално брашно
– 250 грама бело брашно
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 лажица мед
– 3 лажици маслиново масло
– 300 милилитри млака вода
Загрејте ја рерната на 250 степени. Измешајте ги сувите состојки, па додајте масло, вода и мед. Добро промешајте да се соединат. Поделете го на два дела.
Доколку е потребно додатно малку доставете брашно по површината за да не се лепи тестотот и да го обликувате. Ставете го на тепсија прекриена со хартија за печење. Печете петнаесетина минути, додека кората не стане крцкава и цврста.
На здравје!