Потребни состојки:
4 јајца
100 мл млеко
две лажици брашно
зеленчук по желба: пиперки, кромид, тиквички, моркови, домати
малку масло
зачини: сол, бибер
Начин на подготовка:
Во длабок сад изматете јајца, брашно, млеко и сол со миксер. Исечкајте го зеленчукот ситно колку што сакате, и пржете го на малку масло неколку минути, а исеченото месо и сирење исечете ги на коцки. Подмачкајте калап за мафини и ставете го полнењето што сте го подготвиле во секој калап, вклучувајќи го и пржениот зеленчук. Потоа истурете ја смесата со јајца врз секоја калап. Печете ги мафините во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.