Омлет со сирење

Започнете го денот со појадок полн со протеини.

Потребни состојки:

4 јајца
пола лажичка прашок за печиво
50 грама тврдо сирење исечкано на коцки
сол и бибер по желба
пола лажичка ситно сечкан млад кромид

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, а во жолчките додајте сол, бибер, прашок за печиво и сирење. Сето тоа внимателно измешајте го. Матете ги белките додека не добиете цврст снег од нив, па потоа полека додајте ги жолчките. Загрејте го тавчето со малку масло, додајте ги јајцата и направете омлет.

Scroll to Top