Омлет со сланина и спанаќ

Потребни состојки:

3 јајца
вегета
сол
малку вода
половина лажичка брашно
спанаќ
100 гр сецкана сланина
маслиново масло

Начин на подготовка:

Во сад добро изматете ги јајцата. Потоа додајте им малку вода, потоа малку сол и вегета, а потоа постепено додавајте половина лажичка брашно. Кога ќе го споите сето ова, во јајцата додадете сечкан спанаќ. Ставете тава и малку маслиново масло на оган. Пржете ја сечканата сланина но да остане сочна. Прелијте со јајцата. Кога едната страна ќе се испече, превртете ги и испржете ја другата до саканата состојба.

Scroll to Top