Орео-бомбици за 20 минути

300г бело чоколадо

30  колачиња Орео

100г крем-сирење

4 колачиња Орео за декорација

Подготовка:

 

Иситнете ги  колачињата Oreo во блендер додека не добиете кафеав праv.

Орео

Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем-сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач.

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те колачиња Орео  и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

Scroll to Top