Оригинален рецепт за домашно гиро

Потребни состојки:

500 гр. свинско месо,
сол, бибер, оригано

За ѕаѕики сос:
2 лажици грчки јогурт,
1 чешне лук,
1 краставица,
2 лажици маслиново масло,
Сол,
Сок од лимон.

За тесто:
300 гр. брашно,
малку сол,
малку млеко и вода,
малку квасец

Начин на подготовка:

Направете го тестото. Соединете ги сите состојки и оставете го на страна. Во меѓувреме, подгответе го месото. Исечкајте го на коцки или на ленти. Прелијте со маслиново масло и зачинете. Пржете во тава, на путер. Откако ќе го испржите месото, направете ѕаѕики сос. Изрендајте краставица и додајте ја во грчкиот јогурт заедно со ситно изренданиот лук и ставете малку маслиново масло. Зачинете по желба.

Направете пити за гиро од тестото. Пржете во загреано тавче од двете страни. Откако тестото ќе биде готово, премачкајте го со сосот. Додајте го пилешкото месо, а по ваша желба може да ставите и помфрит, домати, кромид.

Scroll to Top