Оригинален рецепт за мантии

By

Потребни состојки:

500 мл млака вода
1 мала лажичка сол
850 г брашно
700 г јунешко мелено месо
2 главици кромид
4 полни лажици маст или путер
100 мл масло за јадење
сув зачин, црн пипер

Прелив:

500 мл кисело млеко
1 чешне лук

Начин на подготовка:

Во 750 грама брашно додадете сол, малку промешајте со раката, па ставате вода и месете го тестото рачно додека не стане мазно. Месете подолго време, тестото треба да е добро месено. Поделете го тестото на 5 еднакви дела, а секоја топка да има околу 250 грама. Топките покријте ги со најлонска фолија и крпа и оставете да стојат 30-60 минути, во зависност од топлината на просторијата, но не помалку од 30 минути. ​За тоа време исечкајте го кромидот, додадете ги меленото месо, сувиот зачин и пиперот и добро измешајте ја смесата со рака.

Стопете го путерот со маслото на силен оган. Кога ќе проврие, тргнете ги од оган. Путерот и маслото треба добро да се соединат.​ Кога тестото ќе отстои, секоја топка одделно треба да се развлече во кора со дијаметар од 20-ина сантиметри и секоја да се премачка со 2-3 лажици од стопеното масло. Намачканите кори се редат една врз друга. Последната од петте кори не мачкајте ја. Одозгора посипете со брашно, преку масата ставете некој памучен чаршав, па и него посипете малку брашно. Ако работите директно на масата без чаршав, тогаш посипете малку повеќе брашно за да не се лепи кората. ​Развлечете ја кората на набрашнетиот чаршав со оклагија колку што можете, а тогаш продолжете да тегнете со рацето до работ на масата додека добро не ја истанчите кората, но внимавајте да не ви се кине. ​Кога ќе ја развлечете кората, исечете ги краевите што висат од масата, а задебелувањата отстранете ги со нож.

На работ од кората ставете по целата должина 1/5 од филот и малку испрскајте со маслото. Завиткајте еден круг околу месото, па исечете, така што ќе добиете тенка и долга ролна.​ Постапката повторувајте ја до крај со преостанатото тесто и месо. Потоа, од секоја ролна сечете мантии со должина од 3 до 4 см. Премачкајте го плехот (35 см), па редете ги во круг исечканите квадратчиња, мантиите. Премачкајте ги со остатокот од маслото.

Додека ги редите мантиите, рерната вклучете ја да се загрее на 250 степени. Ставете ги мантиите да се печат додека да поруменат. Откако ќе се испечат мантиите, насецкајте лукче и измешајте го со кисело млеко и додека се топли, премачкајте ги со оваа смеса. Вака намачкани поклопете ги со друга тава и оставете ги да стојат 10 минути.

Ќе ви се допадне