Кога еднаш ќе го пробате, никогаш нема да го заборавите!
Состојки:
Кора
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 8 лажици брашно
- 2 дл. млеко
Фил
- 8 жолчки
- 8 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 5 дл. млеко
- Ванилин шеќер
- 250 гр. маргарин
- 500 гр. малини
- 3 парчиња шлаг
Подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот и додадете брашно. Лесно измешајте и истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Оставате да се пече 20 минути на 180 степени.
Изладете ја кората, одлепете ја хартијата и прелијте ја со врело млеко. Изматете жолчки со шеќер, додадете брашно и децилитар млеко и добро измешајте. Останатото млеко оставете го да се свари заедно со ванилиниот шеќер и додадете ги подготвените жолчки за да направите пудинг.
Во млак фил додадете маргарин и добро изматете. Редете кора, па фил, во него густо изгмечите ги малините и на крај ставете шлаг.