Палачинки од тиквички со сланина и павлака

Потребни состојки:

1 тиквичка
3  јајца
80 мл млеко
10 мл минерална вода
50 гр брашно
50 гр рендано сирење
1/2 врски копар
сол и црн пипер

Фил (количините по вкус):
сланина
павлака

Начин на подготовка:

Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете ја 10 минути, а потоа исцедете ја. Измешајте ги јајцата со брашното, ренданото сирење, сечканиот копар, солта, црниот пипер, млекото, па во смесата додајте ги тиквичките. Додадете минерална вода за да добиете густа смеса за палачинки. Добро измешајте ја смесата и пржете ги палачинките во тава со малку зејтин. Во друга тава пржете ја сланината која сте ја исечкале на коцки. Потоа, премачкајте ги палачинките со павлака, па додадете ја сланината, завиткајте ги палачинките и сервирајте.

Scroll to Top