Паштета со чварки

Уште со домашен леб, совршено …

Потребно е:

160 гр чварки

2 чешниња лук

1 помала главица кромид

сол, бибер

лута и слатка мелена црвена пиперка

Подготовка:

Чварките, лукот и кромидот сомелете ги во машина за месо.

Додадете ги зачините по вкус и убаво измешајте.

Послужете со домашен леб.

Scroll to Top