Познатата Павлова торта е создадена во чест на балерината Ана Павлова на почетокот на 20 век.
Потребни состојки:
250 гр шеќер во прав
4 лажички мелено инстантн кафе еспресо (не гранули од инстант кафе)
4 белки
малку сол
2 лажички пченкарно брашно
1 лажичка оцет од бело вино
300 мл павлака со маснотии
1 лажичка какао
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тавата (дијаметар 23) со хартија за печење. Во мал сад измешајте шеќер и кафе и оставете ги настрана. Во сад изматете ги белките со малку сол додека не добиете меки врвови. Продолжете со мешање и постепено додавајте од мешавината од кафето и шеќерот. Кога смесата ќе се соедини и површината е мазна и цврста, додадете пченкарно брашно и оцет и изнешајте со лажица.
Смесата истурете ја во тавата за печење и израмнете ја целосно површината. Штом ќе ја ставите тавата во рерната, веднаш намалете ја температурата на 150 степени и печете еден час. Надворешната кора треба да биде крцкава, но внатрешноста мека. Кога ќе се испече, исклучете ја рерната и оставете го бисквитот да се олади во рерна или надвор преку ноќ. Бисквитот извадете го заедно со хартијата и ставете го на голема чинија. Внимателно отстранете ја залепената хартија. Свртете го бисквитот наопаку. Измешајте ја павлаката додека не се згусне и внимателно распоредете ја врз бисквитот. Наросете ја со какао во прав (преку ситно сито или цедилка за чај) и украсете ја тортата. Дизајнот на тортата треба да личи на капучино.