Потребни состојки:
1 кг компири
400 мл крем за готвење
400 гр топено сирење по желба
200 мл пилешки бујон
5 дебели парчиња сланина
2-3 чешниња лук
3 лажици путер
3 лажици брашно
сол и бибер по желба
свежи пиперчиња по желба
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечкајте ја сланината на коцки и пржете ја во тава на умерена температура. Извадете ја сланината од тавата, додадете путер и пропржете го исечканиот лук на добиената маст околу една минута. Додадете брашно, измешајте сè добро и варете уште една минута. Постепено мешајте ги пилешкиот бујон и кремот и варете ги сите заедно уште пет минути, или додека сосот не се згусне. Додадете сол и бибер по желба. Излупете го компирот и исечете го на тенки парчиња. Ставете тенок слој сос во огноотпорен сад, на него наредете компири, рендано сирење и пржена сланина. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Ставете го во загреана рерна и печете 75 минути, додека компирот не стане многу мек. Послужете со сезонска салата по желба.