Печен леб полнет со кашкавал и лук

Потребни состојки:

Помала векна леб, погача или друг леб по ваш избор
200 гр рендана гауда
150 гр фета сирење
60 гр путер
2 чешниња лук
1 пиперка
1 лажица сецкан магдонос

Начин на подготовка:

Измешајте го путерот со столчениот лук и магдоносот, завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер. Исечете го лебот по должина неколку пати, длабоко околу пет сантиметри, а потоа по ширината. Не засекувајте до крај за да остане како едно парче. Измешајте го ренданиот кашкавал и издробената фета со ситно исечканата пиперка. Пополнете ги процепите со листови од разладениот путер и подготвениот фил. Ставете го на плех за печење, покријте го со фолија и печете во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. Одмотајте ја фолијата и печете уште 10 минути.

Scroll to Top