Печен млад компир со лукче

 

Состојки:

500 гр млад компир

5-6 чешниња лук

маслиново масло

сол

бибер

лимон

рузмарин

Начин на подготовка:

Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.

Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.

 

Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.

 

Декорирајте со рузмарин

Scroll to Top