Печена тиква со слатка павлака и ореви

Потребни состојки:

4 парчиња тиква
50 мл. млеко
1 лажица шеќер
1 лажичка цимет
100 гр. ореви
500 мл. слатка павлака

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ја тиквата на долгнавести парчиња. Наредете ги парчињата во тава на која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 30-35 минути.

Извадете ги парчињата тиква. Малку издлабете ги и она што сте го издралбиле ставете го во посебен сад. Додајте ја слатката павлака, млекото, шеќерот и циметот и матете за смесата да се соедини. Со лажица ставете од смесата врз секое парче тиква. Врз нив наросете сечкани ореви и ставете ја повторно во рерна. Печете уште околу 10 минути.

Scroll to Top