Состојки:
5 јаболки
50 гр сечени ореви
50 гр суво грозје
малку џем од кајсии
300 гр шеќер
50 гр маргарин
100 гр павлака
Подготовка:
Се мијат и длабат јаболките па се става малку џем во нив, сечкани ореви и шеќер. Се става и суво грозје.
Се покриваат со фолија и се печат на 200 степени во плех со хартија 30 минути.
Се топи на оган шеќерот, се додава маргаринот и павлака и се соединува, па се преливаат печените јаболки, се ладат да се стегне карамелот, па се служат.