Печени компири со павлака и сирење

By

Вкусно предјадење што се подготвува многу брзо.

Потребни состојки:

1 кг компири
2 јајца за еден компир
неколку супени лажици павлака
1 филџан рендано сирење
1 филџан млеко
Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Измијте ги компирите и поставете ги врз хартија за печење во тава. Печете ги цели во рерна на висока температура додека да омекнат добро.

Печените компири исечете ги по должина и издлабете внимателно дел од внатрешноста со помош на лажица. Извадената смеса префрлете ја во друг сад. Додајте млеко, сирење, сол, бибер и измешајте. Со смесата наполнете ги компирите, потпечете ги уште малку и послуѓете ги топли.

Ќе ви се допадне