Печени печурки со песто

Печурките со песто се идеални за предјадење или лесна вечера. Ова хранливо и вкусно јадење се подготвува брфу и лесно. Печурките имаат малку калории, но затоа се богати со разни минерали, вклучувајќи бакар, кој му помага на телото да прави црвени крвни клетки, и калиум, кој го олеснува влијанието на натриумот врз крвниот притисок. Покрај минералите, тие се добар извор на протеини и витамини од групата Б.

Поради нивната мала енергетска вредност, печурките треба да им бидат на менито на оние што сакаат да изгубат тежина. Најдобро е да се јадет печени или варени бидејќи при пржењето апсорбираат многу масло, што треба да се избегнува.

Бидејќи тие имаат благ неутрален вкус, најдобро е да се комбинираат со ароматични состојки со изразен вкус, како што се песто и пармезан.

Состојки:

  • 12 поголеми печурки (се отстрануваат стеблата и се сечат на коцки)
  • 2 лажици сос од песто (можете да се користи купено или песто што ќе го направите сами)
  • 1 лажица рендан пармезан
  • 1 лажица маслиново масло

 

Подготовка:

Рерната се загрева на 180°С. Плехот за печење се премачкува со масло. Во сад се мешаат исечените стебленца, сосот од песто и пармезанот.

Се редат капачињата на печурките на плехот за печење со рамната страна свртена надолу. Се става по една лажичка од подготвената смеса во секое капаче.

Се покриваат печурките со фолија и се печат околу 15 минути. Потоа се отстранува фолијата и се допечуваат непокриени додека не поруменат малку (околу 5 минути). Печурките се вадат од рерната и се оставаат да се изладат пред да се сервираат.

Scroll to Top